Достапни линкови

Расмусен: историска грешка ако Русија интервенира во Украина


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека ќе биде историска грешка ако Русија продолжи да интервенира во Украина по анексијата на Крим. Тој, на прес конференцијата по завршувањето на дводневниот министерски состанок на Алијансата во Брисел, оцени дека трупањето руски војници на границата со Украина претставува акт за сериозна загриженост. НАТО министрите вчера ја прекинаа соработката со Русија како одговор на анексијата на Крим. Министрите се согласија и за заврстување на мерките за одбрана и заштита на членките на НАТО во соседството на Русија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери изразил загриженост за најновите мерки на Алијансата. Според портпаролот на Лавров, НАТО изјавите претставувале обновување на вербалните дуели од Студената војна.
XS
SM
MD
LG