Достапни линкови

logo-print

Лига на шампиони: познати сите четвртфиналисти, жрепката утре


Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите во фудбал.
Во реванш натпреварот од осминафиналето синоќа Манчестер го победи Олимпијакос со 3:0 со што ги надомести двата гола негатива од првиот натпревар. Сите три погодоци ги постигна холандскиот репрезентативец Робин Ван Перси.
Во Дортмунд, пак, Борусија загуби од Зенит со 2:1, но решавачка беше победата во првиот меч во Санкт Петерсбург со 4:2.
Во четвртфиналето претходно се пласираа и Реал Мадрид, Баерн, ПСЖ, Барселона, Атлетико Мадрид и Челзи.
Жрепката за оваа фаза ќе биде извршена утре во швајцарскиот град Нион.
XS
SM
MD
LG