Достапни линкови

Денеска попладне почнува пролетта


Денеска во 17 часот и 57 минути во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Денот денеска трае 12 часа и 5 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото.
Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
XS
SM
MD
LG