Достапни линкови

Западот остро ја осуди анексијата на Крим


Западните лидери го осудуваат потпишување на договорот од страна на рускиот претседател Владимир Путин за припојување на Крим и градот Севастопол кон Руската Федерација. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го осуди потегот на Русија да ја припои украинската покраина Крим, велејќи дека Москва се движи по опасен пат. Тој исто така рече дека "Русија ги одбила сите повици да отстапи во согласност со меѓународното право". Тој рече дека континуираните чекори од страна на Русија "можат само да ја продлабочат меѓународна изолација на Русија." Во Вашингтон, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, рече дека анексијата на Крим е "закана за меѓународниот мир и безбедност" и рече дека Вашингтон ќе наметне нови санкции како одговор на овој потег. Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел говореше за кризата во телефонскиот разговор во вторникот. Портпаролот на Меркел изјави дека лидерите се согласиле оти територијалниот интегритет на Украина претрпел "неприфатливи удари."
XS
SM
MD
LG