Достапни линкови

logo-print

Киргистан- нема знаци за исчезнувањето на малезискиот авион



Официјални претставници на Киргистан изјавија дека не постојат индиции дека авионот на Малезија ерлајнс авион слетал или се урнал во Киргистан или по должината на Киргистанско -кинеската граница. Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска изјави дека авионот кој исчезна пред повеќе од една недела може да биде било каде од Централна Азија кон јужниот дел на Индиски Океан.
Неименуван американски претставник вчера изјавил дека се истражува можноста некој да го предизвикал исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот, што според него, е пиратство.
XS
SM
MD
LG