Достапни линкови

Кери се надева на мировен договор меѓу Палестина и Израел


Државниот секретар на Соединетите Држави Џон Кери одржа разговори со јорданскиот крал Абдула за тоа како да се зајакнат преговорите меѓу Израел и Палестина.Кери накратко се сретна со Абдула во Акаба, Јордан во претходно непланираната посета вчера. Посетата доаѓа бидејќи Кери се надева дека ќе се постигне мировен договор до крајот на април меѓу Израелците и Палестинците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека сака договор, но Палестинците мора прво да го признаат Израел како еврејска држава и да се откажат од надежите за враќање на палестинските бегалци. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека изградбата на израелска населба во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим е главната пречка за договор со кој ќе се формира палестинска држава.
XS
SM
MD
LG