Достапни линкови

До покрив над глава со кршење врати


Во објектот на ученичкиот интернат во Дебар деновиве насилно се вселија повеќе сиромашни семејства, бидејќи, како што велат, немале друго решение.

Во Дебар има повеќе семејства со нагласени социјални проблеми кои го немаат решено ниту станбеното прашање. Над 100 семејства живеат под кирија, додека еден добар дел и во напуштени руинирани куќи и покрај сите опасности. Деновиве насилно во објектот на ученичкиот интернат во Дебар се вселија повеќе сиромашни семејства, бидејќи, како што велат, немале друго решение.
Немавме кај да живееме, бевме под ведро небо. Живеевме прво кај бараките, потоа во шатор на брегот на Дебарското езеро. Имам шест деца и едно дете треба да ни се роди наскоро.
Џеваир Бајрами, жител на Дебар.

Семејството на Џеваир Бајрами има осум членови и пред да се всели во овој објект, живееше во шатор на брегот на Дебарското езеро.
Ученичкиот интернат во Дебар.
Ученичкиот интернат во Дебар.

„Немавме кај да живееме, бевме под ведро небо. Живеевме прво кај бараките, потоа во шатор на брегот на Дебарското езеро. Имам шест деца и едно дете треба да ни се роди наскоро“, раскажува Џеваир Бајрами.

РСЕ : Колку семејства сте вселени насилно во овој објект?

„Прво бевме три, но сега е зголемен бројот на семејствата кои се вселуваат.“

РСЕ: Дојде ли некој да ве протера, бидејќи вие се вселивте со кршење на вратата?
И со храна се снаоѓаме тешко. Некогаш има, некогаш нема. Кога има, децата и ние со сопругот јадеме, кога нема, нема - што да правиме. Исто така и греење немаме, кога собираме некое дрво тогаш има и греење, но повеќето нема.
Хатиџе Бајрами.

„Не, не. До сега никој не дојде да не протера, некако се сместивме.“

РСЕ: Вие сте мајка на овие деца, имате ли можности да ги нахраните?

„И со храна се снаоѓаме тешко. Некогаш има, некогаш нема. Кога има, децата и ние со сопругот јадеме, кога нема, нема - што да правиме. Исто така и греење немаме, кога собираме некое дрво тогаш има и греење, но повеќето нема. Јас сум од Скопје и мажена сум во Дебар 13 години. До сега немаме обезбедено стан или куќа. Не ни помогнал никој. Во тешка состојба се и семејството на сопругот, и тие немаат како да ни помогнат“, вели сопругата на Џеваир, Хатиџе.

Тие објаснуваат дека три деца не им се ниту регистрирани. Исто така, ниту едно од децата не посетува настава.

РСЕ: Имате ли работа?

„Не. понекогаш наоѓам работа но тоа е два три дена, потоа десет дена нема. Примам социјална помош во висина од 5.700 денари, но тоа ниту од далеку не стига само за храна. Децата не одат на училиште, бидејќи немаме услови за одржување на хигиената. Овде нема редовно вода, немаме услови, дел се болни и така.“

Семејството Бајрами не гледа некое скорашно решение на проблемот со обезбедувањето на покрив над главата. Џеваир вели дека сега најбитно му е да ги прехрани децата, но исто така и да им го заштити здравјето, бидејќи живее во длабока сиромаштија. Но оваа длабока сиромаштија на ова ромско дебарско семејство е присутна и во повеќе други семејства. Моментално во Дебар околу 900 семејства со околу 4.000 членови добиваат социјална помош што претставува една четвртина од вкупното население.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG