Достапни линкови

Владата во зорт ќе најде пари за нови вработувања


Пари за обештетување на дел од стечајците и за вработување на професионалните војници, владата ќе најде, ќе се зајми, ќе ги зголеми казните, велат познавачите. Кога владата е во зорт ќе најде решение, вели поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов.

Обештетувањето на стечајците и вработувањето на професионалните војници во администрацијата дополнително ќе го оптовари буџетот, велат експертите за кои мерката е предизборно мотивирана. Околу 3.000 стечајци ќе добиваат месечен надомест од 7.100 денари, а 4.000 војници ќе бидат вработени. Владата најави дека за стечајците ќе бидат издвоени околу 4 милиони евра од буџетот. Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека новата мерка иако ќе ги зголеми трошоците во буџетот, владата ќе најде начин да ги обезбеди парите.
Овој проблем ако сакаше да го реши на ваков начин, што не е убав начин на решавање на проблемот, можеше да го реши многу порано, а го решава сега во време кога се најавуваат предвремени парламентарни избори.

„Тито на времето велел „све че то народ позлатити“. Има од каде, ќе ги зголемат казните, со нови задолжувања.... Тоа значи дека сите граѓани, сите плаќачи на данок се слуги на владата, иако на латински зборот „министер“ значи слуга, испаѓа дека се е испревртено и се е парадоксално.“

Професор Темелко Ристовски вели дека вработувањето на професионалните војници ќе биде уште еден товар и на така гломазната администрација. Според него, можело да се најде друго решение односно војниците Архивска фотографија. Протест на стечајци пред Собрание.

Архивска фотографија. Протест на стечајци пред Собрание.

и натаму да останат во служба на армијата.

„Во секој случај тоа е политички мотивирано. Актуелната влада е многу вешт калкулант за да добие политички поени. Досега го завлечкуваше проблемот. Овој проблем ако сакаше да го реши на ваков начин, што не е убав начин на решавање на проблемот, можеше да
Значи тие шест години со тие луѓе и со нивите судбини си играле мајтап, а сега испаѓа дека кога владата има зорт може да се најде решение, кога нема, тогаш нема решение и се принципиелни.
го реши многу порано, а го решава сега во време кога се најавуваат предвремени парламентарни избори. Во секој случај насочено е кон тоа да се добијат политички поени за актуелната власт, тоа го тврдам со 100 отсто сигурност.“

Според Витанов владата не води грижа системски да ги решава проблемите, туку поаѓа од лични потреби и интереси.

„Тоа е многу, многу непопуларна мерка иако на прв поглед изгледа популарна, затоа што сега на владата и падна рејтингот и сега тоа го прави, иако шест години велеше дека нема да го прави тоа исклучиво од себични причини на министрите кои се на власт и тоа уште толку иритира. Значи тие шест години со тие луѓе и со нивите судбини си играле мајтап, а сега испаѓа дека кога владата има зорт може да се најде решение, кога нема, тогаш нема решение и се принципиелни.“

Опозицијата на расправата во Собранието само ја обвини власта дека на лош начин ги копира нивните идеи и програма. Витанов порачува дека народот не може да види дека ова е уште една популистичка мерка, бидејќи тоне во сиромаштија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG