Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за нивните „недемократски“ избори


СДСМ во пишаната реакција на соопштението на ВМРО - ДПМНЕ тврди дека владејачката партија ги девалвирала противкандидатите на Ѓорге Иванов за претседател на дравата, преку собирање потписи за него од највисокото раководство, уште пред делегатите на конвенцијата да имаат шанса за избор. СДСМ, како што е наведено, од денешниот Конгрес нема да прави пародија.

Владејачката ВМРО - ДПМНЕ имено обвини дека СДСМ спроведува целосно затворена и недемократска постапка за избор на кандидат за претседател на Република Македонија.

Одлуката дека Стево Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ за претседател на Република Македонија беше соопштена пред кој било нивен орган, да донесе одлука, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG