Достапни линкови

logo-print

Нови судири во Киев


Киев

Киев

Стотици антивладини демонстранти и специјални сили на украинската полиција денеска повторно се судрија на плоштадот Мајдан во Киев. До ова дојде и покрај примирјето што пред неколку часа беше договорено меѓу претседателот Виктор Јанукович и опозициските лидери. Демонстрантите, како што јавуваат агенциите ги принудиле полициските сили да се повлечат за 200 метри и сега контролирале поголем дел од плоштадот. Полицијата употребила гумени куршуми во обидот да возврати на нападот на демонстрантите со молотови коктели и камења.
XS
SM
MD
LG