Достапни линкови

Во Сочи ослободени двете екс членки на Пуси Рајот


Надежда Толоконикова, Сочи 18.02.2014.

Надежда Толоконикова, Сочи 18.02.2014.

Двете поранешни членки на Пуси Рајот биле ослободени откако претходно денеска биле приведени од полицијата во Сочи. Надежда Толоконикова и Марија Аљокина биле приведени под обвинение дека краделе во хотелот. Полицијата во Сочи соопшти дека по распитот и по утврдувањето дека тие не извршиле никаква кражба биле ослободени. Толоконикова и Аљокина изјавија дека веќе три пати биле приведувани откако дошле во Сочи каде што се одржува Зимската олимпијада.
XS
SM
MD
LG