Достапни линкови

Најголем интерес за регуларноста на фискалната лотарија


Текстот во кој се посочува дека исти луѓе биле по неколку пати извлечени на фискалната лотарија што ја организира владата предивикал најголем интерес кај читателите.

Според жестокоста на реакциите, се чини, фискалната лотарија што ја организира Владата е најинтересна за нашите посетители на веб страницата. Дотолку повеќе што сè повеќе се оние кои сметаат дека е местенка и веќе почнува да се губи довербата во неа. Доказ за ова е и процентот на оние што сметаат дека лотаријата е местенка, над 63 отсто од граѓаните, во нашата анкета за тоа дали фискалната лотарија е наместена.
Ова вакво извлекување како и тоа што беше на ТВ за вработување во ЈП Македонски шуми, е најобична партиска пропаганда.
Коментар од читател.

Зоран од Скопје налутен пишува дека веќе нема да собира фискални затоа што морал да плати поштарина зашто снемало марки, па едно плико го чинело 20 денари. Не знам за местење, ама дека е пљачка, тоа сигурно знам, пишува Зоран и му се обраќа на министерот Ставрески: „Немој да мислиш дека има будали„. Незабеган смета дека ваквото извлекување, како што беше и она за вработување во ЈП Македонски шуми, е најобична партиска пропаганда и дека живеењето во овие 8 години во Македонија сè повеќе се сведува на лотарија.
Да се исчистат изборните списоци, како и комплетна проверка на истите, кој колку пати фигурира во нив на разни гласачки места.
Коментар од читател.

Но, има и спротивни мислења: МК Обсервер мисли дека, како што напишал, „светите шљамови на македонската црна транзиција“ со вакви информации сакаат да го свртат вниманието за да можат, вели, ТИЕ да се паркираат на Илинденска. А МКД смета дека за 8 илјади денари немало да се мести целата лотарија и нè нарекува „смешни“ со „нашиот новинарски дух“ што открил некакво местење.

Вељаноски ги распиша изборите, а Незабеган, во својата порака, веднаш забележува дека дежурниот партиски портал Курир најавил реконструкција на поликлиниката Букурешт по цели 50 години. Па прашува: „Нели според новоусвоениот изборен законик не треба да има вакви свечени најави или пуштања во употреба ПО веќе распишани избори?“ Пиле дури прогнозира дека премиерот ќе се кандидирал за претседател, и дека и билбордите веќе биле порачани во Грција, а одработувањето одамна почнало. И Перо и Незабеган се на иста линија со Пиле и сметаат дека опозицијата не треба да прифати евентуални вонредни парламентарни; дури Незабеган мисли дека мора прво да се инсистира на попис на населението и дефинитивно чистење на избирачкиот список.

Владо се јавил во врска со анализата на американските разузнавачки служби за состојбите кај нас и во Босна, и со крупни букви напишал дека „во моментов, без да влезе во ЕУ, Македонија станува економски сè појака и понезависна“, а „ЕУ, НАТО и опозицијата полека ама сигурно го губат тлото како сили - и воени и политички“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG