Достапни линкови

Снегот го кочи сообраќајот во Србија


Поради снежните наноси и силниот ветер што ги зафатија северна Србија, од ноќеска е прекинат железничкот сообраќај на пругата Белград-Нови Сад-Суботица, а затворен е и граничниот премин „Хоргош“ на српско-унгарската граница. Препријатието „Железници на Србија“ соопшти дека на спомената пруга заглавени стојат два меѓународни воза - композицијата што ноќеска на полноќ тргнала од Белград кон Будимпшта, како и возот кој утрово во 4:00 часот се упатил во обратен правец. Во двата воза има околу 50 патници. „Патишта на Србија“ инфомира дека поради невремето и снежните наноси кои на места достигнуваат и до 3,5 метри, затворени за сообраќај се преминот „Хоргош“ и патниот правец Суботица-Нови Сад.
XS
SM
MD
LG