Достапни линкови

Eвропската Унија го поздрави договорот за изборниот Законик. За какви измени во Законикот станува збор?

Портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Питер Стано денеска изјави дека Европската комисија е запознаена со договорот што го постигнале политичките партии околу измените во изборниот законик и дека истите се разгледувале во Парламетот.
Како што знаете изборната реформа беше важен дел од предпристапниот висок дијалог кој што го водевме во минатото со вашата влада, и исто ова беше важен елемент од политичкиот договор кој што се постигна на први март.

„Како што знаете изборната реформа беше важен дел од предпристапниот висок дијалог кој што го водевме во минатото со вашата влада, и исто ова беше важен елемент од политичкиот договор кој што се постигна на први март“, рече Стано.

Стано додава дека комесарот Филе беше многу јасен минатата недела кога изјави дека дијалогот на високо ниво ќе продолжи да се спроведува како инструмент со кој ќе се поддржува реформскиот процес Питар Стано.

Питар Стано.

во земјата.

„На Македонија останува да обезбеди одлучност и посветенот од Владата за продолжување и имплементација на реформите, на договорот од 1 март и продолжување на унапредувањето на одржување на добрососедски односи“, вели Стано.
На Македонија останува да обезбеди одлучност и посветенот од Владата за продолжување и имплементација на реформите.

Со овие измени предвидена е забрана на доделување на буџетски средства за нови градби, субвенции, социјална помош и други материјални давања за време на изборна кампања освен за оние кои во буџетот спаѓаат во редовни исплати.

Измените исто така предвидуваат забрана за време на избори на јавни настани кои служат за промоција на власта. Доколку овие правила бидат прекршени предвидена е затворска казна од 6 месеци до 1 година соопшти опозицијата. Остатокот од измените се однесуваат на медиумите кои не смеат да одделат повеќе од 12 минути во реален час платена политичка програма. До почетокот на изборната кампања платената политичка програма е забранета, а во делот на донациите медиумите се ограничуваат на 50.000 евра и во нив се пресметани и попустите за рекламирање.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG