Достапни линкови

Последни шанси за Изборен законик пред избори


Различното толкување на формулацијата на јавниот настап е проблем отколку кој не можат да се договорат партиите. Тие се разидување и за кривичната одговорност во случај на злоупотреба на државните пари во време на кампања.

Иако претседателските избори треба да се одржат најдоцна до почетокот на април, власта и опозицијата се уште немаат договор за новиот изборен законик. Иако вчера министерот за правда Блерим Беџети изјави дека само една реченица ги дели двете страни до консензус за новите изборни правила, од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ не беа расположени за повеќе детали околу тоа главните точки на несогласување и дали навистина е постигнат напредок во преговорите.

Веќе е познато дека различното толкување на формулацијата на јавниот настап е проблем отколку кој не можат да се договорат партиите, а прашање околу кое исто така постоело разидување е кривичната одговорност во случај на злоупотреба на државните пари во време на кампања.
Ако двете страни тргнуваат од принципот на што порегуларни и подемократски, треба да постои волја за изнаоѓање на заедничко решение“
Здравко Савески, универзитетски професор.

Сепак, политичките аналитичари се оптимисти дека се уште има шанса за постигнување договор, а тоа според професорот Здравко Савески зависи само од политичката волја на субјектите.

„Ако двете страни тргнуваат од принципот на што порегуларни и подемократски, треба да постои волја за изнаоѓање на заедничко решение“, изјави Савески.

И политичкиот аналитичар Исмет
Рамадани смета дека шанси за постигнување консензус има, иако според него разликите помеѓу власта и опозицијата околу новите изборни правила не се незначителни.

„Такво нешто ќе се случи затоа што и опозицијата е заинтересирана да биде посигурна во однос на фер и демократски избори, се враќа една амбиција и еден ентузијазам што ги
Такво нешто ќе се случи затоа што и опозицијата е заинтересирана да биде посигурна во однос на фер и демократски избори.
Исмет Рамадани, аналитичар.
прави малку посигурни дека на претседателските избори ќе поминат добро.“
Имајќи предвид дека последните две измени власта ги донесе без опозиција, експертите порачуваат дека најважно кај измените е тие да бидат донесени консензуално, а не поради постоењето на парламентарното мнозинство.

„Никој не смее да тврди дека врз основа на непостигнување на договор со спротивната страна поради постоење на парламентарно мнозинство за одредени промени, на мускули да речеме, во Собрание да ги изгласа промените, бидејќи во сите земји го има тој демократски стандард дека промени на изборен законик мора да бидат донесени консензуално.“

Според сите најави и рокови, претседателските избори ќе се одржат на крајот на март или почетокот на април. Се очекува претседателот на Собранието да ги распише во периодот меѓу 10 февруари и 13 март. Кандидатурите за претседателската функција ќе бидат познати во март или 35 дена пред денот на одржување на изборите. Пред распишувањето на изборите, Собранието треба да ги усвои измените во Изборниот законик, според препораките од ОБСЕ /ОДИХР.
ОБСЕ сугерира јасна поделба меѓу партијата и државата или функционерите што учествуваат во изборите да не промовираат проекти кои се финансираат од државниот буџет, избирачкиот список да биде на јавен увид 20 дена, донациите од фирмите да се ограничат со апсолутна бројка, а не со процент од годишниот приход ида се изедначи вредноста на гласот во Македонија и во дијаспората.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG