Достапни линкови

logo-print

Њујорк ќе плати 18 милиони долари за неправедни апсења


Њу Јорк, илустрација.

Њу Јорк, илустрација.

Градот Њујорк се согласи да плати 18 милиони долари како спогодбена оштета за стотиците граѓански тужби поднесени од луѓе кои тврдат дека биле незаконски уапсени за време на Националната конвенција на републиканците во 2004 година. Унијата за граѓански слободи во Њујорк соопшти дека тоа е најголемата таква спогодба во историјата. Мал број случаи не се опфатени со спогодбата. На протестите за време на конвенцијата на која претседателот Џорџ Буш Помладиот беше номиниран за вториот претседателски мандат беа уапсени повеќе од 1800 луѓе. Повеќето од уапсените беа демонстранти, но дел од нив беа новинари или набљудувачи кои не беа вклучени во протестите.
XS
SM
MD
LG