Достапни линкови

logo-print

Одбележување на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа


На Спомен обележјето кај катлановско Блаце и во кампот Бутмир во Сараево денеска ќе биде одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.
Делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, предводени од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр ќе положат венци со цвеќе на Спомен обележјето кај катлановско Блаце.
Во организација на Командата на ЕУФОР и македонскиот контингент ќе биде организирана комеморативна церемонија на која ќе присуствува Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски.
Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година околу 9 часот и 30 минути полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.
XS
SM
MD
LG