Достапни линкови

Во 36 битолски села се пие вода со ризичен квалитет


Голем дел од 36-те селски населби во битолско се снабдуваат со вода за пиење од сопствени водоводи кои се крајно запуштени, па 10 илјади жители пијат вода со ризичен квалитет.

Голем дел од 36-те селски населби во битолско пијат бактериолошки загадена вода, алармираат од Центарот за јавно здрвје. Овие села се снабдуваат со вода за пиење од сопствени водоводи кои се крајно запуштени, па 10 илјади жители пијат вода со ризичен квалитет. Од 129 земени примероци вода, 36 проценти покажале бактериолошка загаденост.
Јас имам осум деца дома, од таа вода пиеме. Секоја година ги носиме по пет-шест пати по болници. Бараме, никој не води сметка за водата.
Анкетиран жител на село Велушина.

„Јас имам осум деца дома, од таа вода пиеме. Секоја година ги носиме по пет-шест пати по болници. Бараме, никој не води сметка за водата.“

„Кога влеговме да ја чистиме најдовме треви и пцовисани глувци“, велат жители од битолското село Велушина.

Снежана Столилова, професор на Високата медицинска школа посочува:
Имаме многу аномалии, недостатоци, односно загрозеност на исправност на водата врз здравјето на луѓето.
Снежана Столилова, професор на Високата медицинска школа во Битола.

„Имаме многу аномалии, недостатоци, односно загрозеност на исправност на водата врз здравјето на луѓето. Не се приклучени на градски водоводи. За сите овие години не се најдоа средства, кои се минорни, да се обезбедат хлоринаторни станици, да се врашат редовни анализи зашто населението нема да плати? Тие се бактериолошки загадени. Зошто не се поставени хлоринатори и не се поставени лица кои ќе раководат со нив?“, вели Стоилова.

Од Центарот за јавно здравје порачуваат да се постават субјекти кои ќе стопанисуваат со селските водоводи, ќе ги одржуваат и ќе врашат навремена дезинфекција.

Градоначалникот Владимир Талески одговара дека започнат е проект во вредност од 1,8 милиони евра за приклучување на дел од селата кон градскиот водовод.

„Тој проект нема да се реализира за една или две години, туку за три-четири. Преку него над 20 села во следните две до три години ќе добијат чиста вода за пиење. Но, има и села кои не ќе можат да се приклучат кон градскиот водовод поради местоположбата. Со проекти се предвидуваат резервоари таму, постоечките или нови кои ќе ги одржува Водовод“, вели Талески.

Талески додава дека дел од селските населби досега не се приклучиле кон градскиот водовод зашто не сакале да плаќаат за вода.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG