Достапни линкови

Битолчани да платат повластени цена за вода и струја


Битолчани да не плаќаат за улично осветлување за последните два месеци и да им се намалат сметките за вода, побара локалната опозиција, поради рекордно ниските температури зимава.

Намалување на сметките за вода до 20 проценти за последните два месеца, како и неплаќање на уличното осветлување во февруари, бара локалната опозиција во Битола. Предлогот доаѓа поради рекордната потрошувачка на вода во градот предизвикана од поларните температури, па граѓаните стравувајќи од измрзнување на водоводните исталации ги оставаа чешмите дење, ноќе да линеат.

Ако граѓаните навечер немаат улично осветлување, која е поентата истото и да го плаќаат во висина од 127 денари месечно. За цената на уличното осветлување одлучува локалниот совет и токму поради тоа бараме граѓаните да се ослободат од оваа такса за месец јануари.
Се претпоставува дека зимава потрошувачката на вода достигна 500 литри во секунда, како преку лето. Со ова се очекува сметките за вода да бидат поголеми отколку во изминатите месеци. За уличното осветлување, од опозицијата велат дека за заштеда на струја повеќето улици се во мрак, па нема зошто оваа ставка да ја плаќаат граѓаните.

„Ако граѓаните навечер немаат улично осветлување, која е поентата истото и да го плаќаат во висина од 127 денари месечно. За цената на уличното осветлување одлучува локалниот совет и токму поради тоа бараме граѓаните да се Совет на општина Битола

Совет на општина Битола

ослободат од оваа такса за месец јануари“, изјави советникот Горан Милевски од ЛДП.

„Одлука на Советот за намалување на сметките за вода за 20 проценти за месеците јануари и февруари поради постојаното зголемување на потрошувачката на вода“, вели советникот Томе Наумов од СДСМ.

Советниците од партијата на власт велат дека за ваква одлука потребни се дополнителни анализи. Советникот Зоран Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави:

„Во врска со барањето за наплаќање на сметките за струја би предложил до стручните служби на одделението за урбанизам во општина Битола да изработат анализа што значи тоа во потрошувачка на струја. Истото би го предложил и за Водовод Битола дали може да се направи таква анализа и да ни кажат што значи тоа.“

Од јавното претпијатие Водовод соопштија дека зголемена потрошувачка на вода има, но нема покачување на цената, па не можат да ги ослободат граѓаните од трошоците за водата која се оставала да тече од славините за да не дојде до замрзнување.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG