Достапни линкови

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди Далмација


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Далмација. Засега нема информации за евентуална штета или повредени. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 11 километри југозападно од Вргорец, во Сплитско-далматинската жупанија, на длабочина од 10 километри, пренесува весникот „Вечерњи лист“. Како што се наведува, потресот се почувствувал и до островот Корчула.
XS
SM
MD
LG