Достапни линкови

Ердоган-странските амбасадори да си ја гледаат својата работа


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека некои странски амбасадори се вклучиле во провокативни активности и притоа ги повика да си ја гледаат својата работа. Според него, истрагата против турските власти е дело на надворешни и внатрешни извршители.
Турските медиуми јавија дека неговата порака е упатена до американскиот амбасадор во Анкара, Франсис Ричардоне, кога власите го обвинуваат за вмешаност во полициската истрага за корупција со која се опфатени роднини и блиски соработници на членови на Владата на Ердоган. Амбасадата на САД ги негираше неговите обвинувања. Во рамки на истрагата за корупција уапсени се двајца синови на на министрите за внатрешни работи и за економија, Муамер Ѓулер и Зафер Чаглајан.
XS
SM
MD
LG