Достапни линкови

Напад врз базата на ОН во Јужен Судан


Претставници на ОН соопштија дека напаѓачи вчера се пробиле во мировна база на светската организација во Јужен Судан каде што имало засолнати цивили. Тие соопштија дека по нападот се случила престрелка и оти стравуваат дека има загинати, но засега нема информации колкумина загинати има.

Насилствата во Јужен Судан се засилија во последно време. Од една страна се поддржувачите на претседателот Салва Кир, а од друга страна следбениците на поранешниот потпретседател Риек Мачар. Двајцата припаѓаат на различни етнички групи и има стравувања дека борбите може да прераснат во поширок етнички конфликт.

Нападот врз базата на ОН наводно е извршен од припадници на етничката група на Мачар. Најмалку 500 луѓе се загинати откако избувнаа борбите минатиот викенд, а илјадници луѓе побараа засолниште во објектите на ОН.
XS
SM
MD
LG