Достапни линкови

ММФ - 300 милиона евра кредит за Албанија


Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека дал начелна согласност за исплата на кредит на Албанија во износ од 300 милиони евра, наменети за економската обнова на земјата.

Социјалистичката Влада на Албанија, која стапи на должноста пред три месеци, се бори со стагнацијата на приватното кредитирање и со раст на државниот долг.

Средствата од кредитот ќе бидат главно наменети за исплата на владините обврски кон приватниот сектор, кои се проценуваат на 245 милиони евра.
XS
SM
MD
LG