Достапни линкови

Јанукович во Москва - опозицијата на протести


Опозицијата во Украина ги повика нејзините поддржувачи денеска да одржат нови масовни протести. Демонстрантите во Украина ќе излезат на улица во исто време
додека претседателот Виктор Јанукович е во посета на Москва на разговори со неговиот руски колега Владимир Путин.
Демонстрантите беа излезени на улиците во Киев во изминатите неколку недели незадоволни од одлуката на Јанукович да не го потпише договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ. Украинската опозиција стравува дека Јанукович со посетата на Москва го прави првиот чекор за придружување кон Царинската Унија што ја предводи Русија.
Високиот претствник на ЕУ за надворешна политика Кетрон Ештон изјави дека ЕУ останува подготвена да го потише договорот со Киев.
XS
SM
MD
LG