Достапни линкови

logo-print

Грција доби три милијарди евра за изградба на автопати


Европската комисија денеска на Грција и одобри финансиска поддршка вредна 2,97 милијарди евра, за изградба на четири автопати, јави МИА.
Еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан, потврди дека оваа инвестиција на Унијата, покрај останатите голем број инфраструктурни проекти во Грција, ќе помогне за економско опоравување на земјата.
Овие автопати се оценети како „приоритетен проект“ за инвестиции на Еврокомисијата, што на грчките власти ќе им овозможи отворање на над 6 илјади нови работни места и развој на земјата.
XS
SM
MD
LG