Достапни линкови

МВР и СДСМ за тепачките по автобуси


Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска

Министерството за внатрешни работи денеска апелира СДСМ да престане да ги злоупотребува малолетниците и инцидентите. „Пожелно е барем еднаш СДСМ да се однесува конструктивно и да се приклучи кон превентивните активности наместо да стимулира натамошни инциденти и да се промовира во единствена партија која се обидува да извлече политички поени на штета на малолетни лица, стои во реакцијата од МВР. Претходно, СДСМ побара МВР да направи сериозна проценка дали синоќешните тепачки во автобусите во кои настрадаа деца се случајни инциденти или се мотивирани и според тоа да преземе соодветни мерки за заштита на граѓаните. „Очигледно министерката Гордана Јанкулоска, која 7 години раководи со Министерството за внатрешни работи покажува неспособност во превенцијата и во грижата за безбедноста на граѓаните, учениците и децата во градските автобуси“, се вели во соопштението од СДСМ.
XS
SM
MD
LG