Достапни линкови

Турција најави реципрочни мерки за Египет


Турција најави реципрочни мерки откако Египет го протера турскиот амбасадор Хусеин Авни Ботсал. Египет претходно побара амбасадорот на Турција, Ботсал да ја напушти земјата и ја обвини Анкара дека поддржува организација, одговорна за дестабилизација. Турција е меѓу најжестоките меѓународни критичари на египетските власти поради соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги осуди репресиите врз исламистите и припадниците на Муслиманско братство од новите египетски власти.
XS
SM
MD
LG