Достапни линкови

logo-print

Стоп за прекумерната електронска шпионажа


Бразил и Германија повикаа на запирање на прекумерното електронско шпионирање. Двете земји вчера претставија нацрт- резолуција во Генералното собрание на ОН, во која изразуваат длабока загриженост за кршење на човековите права и злоупотреби, кои може да произлезат од спроведувањето на какво било следење на комуникациите.
Овој чекор доаѓа откако поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден објави документи со детали за глобална шпионска операција од страна на американската Национална безбедносна агенција, вклучувајќи и прислушување на странски лидери како германската канцеларка Ангела Меркел и бразилската претседателка Дилма Русеф.
Документот бара од сите земји да ги прошират меѓународно загарантираните права на приватност.
За разлика од резолуциите на Советот за безбедност на ОН, оние на Генералното собрание се необврзувачки.
XS
SM
MD
LG