Достапни линкови

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за годинава


Собранието на Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добиваат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука. Ребалансот беше поддржан од 58 пратеници. СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс. Средствата во овие ставки, како што беше образложено, не се пренаменети, туку бил проширен дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.
XS
SM
MD
LG