Достапни линкови

Четворица повредени на протест во Анкара


Полицијата во Анкара синоќа употреби солзавец и водени топови за да ја растури групата од приближно 200 студенти, кои организираа протестен марш во реонот на Блискоисточниот технички универзитет против корнење на дрвата во универзитетскиот комплекс заради проектот за изградба на улица, соопшти турскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен-Турк. До интервенција на полицијата дошло откако студентите не ги послушале наредбите да се разотидат, и притоа фрлале со камења врз полицајците и направиле барикади, кои подоцна ги запалиле.
XS
SM
MD
LG