Достапни линкови

Специјалци го спречија новинарскиот протест


Новинарите кои сакаа мирно да го изразат незадоволство поради казната затвор на новинарот Кежаровски беа спречени да дојдат до Музејот на македонската борба. Имено, кордон полицајци ги спречиле да пристапат на закажаното место за да одржат мирен протест, по што новинарите се обидоа да го пробијат кордонот.
Но потоа беа повикани специјални полициски сили кои ги заобиколија новинарите. Како што е познато Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски повика на мирен протест денес во 12.05 пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Во оваа пресуда на Основниот суд Скопје 1, останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Судскиот процес за овој случај траеше два месеца. Тие беа обвинети за примање поткуп, злоупотреба на службена положба, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.
XS
SM
MD
LG