Достапни линкови

„Безбедносните служби“ најкоментирани


Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Анализата за подривањето на безбедносните служби привлече најмногу коментари, а тука се и редовните теми како „името“ и ЕУ.

Една јака саботна анализа за тоа дали лустрацијата и апсењата на поранешни високи разузнавачи значи и подривање на безбедносните служби на земјава, сработена од колешката Зорана Гаџовска Спасовска предизвикува задоволство кај оние што знаат да читаат вакви деликатни и сеопфатни текстови.
Кога тогаш ќе им се врати на денешниве властодршци и растурачи на Македонија.

Па посетител на нашата веб-страница потпишан како адвокат Оливер Вуксановиќ од Скопје во својот коментар пишува: „Конечно вистински приказ на реалноста во Македонија. Секоја чест, одличен текст“. И Јас е задоволен што редакцијата на македонски јазик ја отворила оваа тема. ​Кристијан, пак, се надева дека „кога тогаш ќе им се врати на денешниве властодршци и растурачи на Македонија“.

По препораката од ЕК во најновиот извештај за земјава брзо да го решиме спорот со името со Грција, во Хајд паркот го поставивме токму тоа прашање: дали сте за компромисно решение, односно за промена на името? Што мислите какви се одговорите? Слушнете ја
Грција ќе ги прекрши сите договори и ќе продолжи да блокира.
видео-анкетата, а коментарите на нашата веб-страница, главно, покажуваат како нашиот народ ја сфаќа Унијата. ТатаМата од Македонија се чуди зошто редакцијава воопшто поставува такво прашање, кога секој знае дека е Македонец и дека е од Македонија. А за ЕУ вели дека е „иста само парата и тоа што нема граници, (без застој), а цените на некои производи преку Евроамбасадорот Аиво Орав му го предаде извештајот на ЕК на премиерот Никола Груевски.

Евроамбасадорот Аиво Орав му го предаде извештајот на ЕК на премиерот Никола Груевски.

ноќ скокнаа десетпати“. МКД изразува сомнеж дека никој не гарантира дека Грција нема да продолжи со блокади и по евентуалното решавање на спорот, а посетител на нашата веб-страницата во својот потпис на почетокот на коментарот го напишал и своето мислење: „Името е изговор!“ Овој наш посетител, кој на крајот транспарентно се потпишал, Др. Игор Јанев, смета дека штом има еден, ќе има и друг изговор. „Грција ќе ги прекрши сите договори и ќе продолжи да блокира“, пишува Др. Јанев. Перо се согласува политичарите и партиите да најдат решение, па нека се стави на референдум и нека решат граѓаните.

Инаку Перо им испраќа порака на таканаречените „патриоти“ кои ми го ставија, вели, идентитетот на маса, мојата улица ја преименуваа без никој да биде прашан“. Нашата друга саботна анализа од колешката Мирјана Спасовска, со наслов: „Позитивен извештај од ЕУ поттик за решавање на името“, редовните МК Обсервер и Незабеган ја користат за меѓусебна дебата на тема патриотизам, азил и пасивно-агресивни ликови од пост-транзициската македонска ренесанса, а Перо јасно наведува: „...Забелешките некако постојано се повторуваат и зголемуваат, поточно се прошируваат. Нешто слично како една програма, надградена, па проширена, па во чекори...“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG