Достапни линкови

Убиен гувернерот на авганистанската провинција Логар


Гувернерот на Логар, Арсала Џамал

Гувернерот на Логар, Арсала Џамал

Гувернерот на авганистанската провинција Логар, Арсала Џамал, бил убиен при напад со бомба поставена во микрофон која експлодирала додека држел говор во џамија по повод Курбан Бајрам.
Ова го јави радио Слободен Авганистан повикувајки се на изјавата на неговиот портпарол Деен Мохамад Дарвиш.
Според други извештаи, станувало збор за самоубиствен напад.
Според Асошиетед Прес, при тоа биле ранети 15 други луѓе.
Засега никој не ја превзеде одговорноста. Официјалните преставници на власта се честа мета на талибанците.
XS
SM
MD
LG