Достапни линкови

logo-print

Сирија: киднапирани седуммина членови на МКЦК


Меѓународниот комитет на црвениот крст рече дека седуммина нивни вработени се киднапирани во северниот дел на Сирија. Организацијата соопшти дека вооружени лица го киднапирале нивниот тим во провинцијата Идлиб. Тие повикаа на нивно итно безусловно ослободување. Засега никој не ја презел одговорноста. Државните медиуми ги обвинија бунтовниците кои се обидуваат да го соборат режимот на Башар ал Асад. Тимот се враќал од Дамаск каде што доставувал медицински материјал.
XS
SM
MD
LG