Достапни линкови

Ештон ќе ги смирува тензиите меѓу Приштина и Белград


Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе имаат работна вечера со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон.
Како што јави Танјуг, средбата се одржува на иницијатива на Ештон во време на заострување на одностите меѓу Белград и Приштина, по одлуката на косовските власти да им забраната на српските владини претставнци да го посетуваат Косово за време на кампањата за локалните избори закажани за 3 ноември.
Дачиќ најави дека ќе се повлече од дијалогот Белград-Приштина, доколку одлуката на косовските власти остане во сила, додека претставници на Владата на Косово истакнаа дека нивната забрана е неотповиклива.
XS
SM
MD
LG