Достапни линкови

logo-print

САД: На полноќ истекува рокот за буџетски договор


Американската влада се соочува со „делумно исклучување“ вечер на полноќ. Кризата е предизвикана поради неуспехот на републиканците и демократите во Конгресот да постигнат договор за привремено финансирање на Владата за да се задржат федералните агенции отворени. Претходно ппретставничкиот дом во кој мнозинството го имаат републиканците го усвои предлог законот со кој се бара одложување за една година на клучните елементи од реформите во здравствена заштита на претседателот Барак Обама, како и укинување на данокот на медицински помагала, во замена за избегнување на прекин на привременото финансирање. Седницата на Сенатот е закажана за денеска попладне, само неколку часа пред да истече последниот рок до кога мора да се усвои законот за привремено финансирање. Доколку не биде усвоен законот Владата нема да може да им исплатува плати на вработените во федералните служби а тоа ќе принуди околу 800.000 федерални работници да ги напуштат работните места бидејќи ќе останат без плата.
XS
SM
MD
LG