Достапни линкови

Рохани:Техеран е подготвен за разговори


Иранскиот и американскиот претседател изразија поддршка за можноста за обновување на разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Во своето обраќање пред Генералното Собрание на ОН во Њујорк, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран е подготвен веднаш да започне со разговорите и да се излезе од ќор-сокак ситуацијата со цел изградба на меѓусебна доверба. Тој ги отфрли обвинувањата за нуклеарно оружје, тврдејќи дека нема место за нуклеарно оружје во одбранбените и безбедносни политики на Иран. Рохани истакна дека економските санкции врз неговата земја се „насилни“. Претходно американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД останува решен да спречи развој на нуклеарно оружје во Техеран но тоа ќе го стори по „дипломатски пат.“
XS
SM
MD
LG