Достапни линкови

Атина: Малтретирањето македонски граѓани на границата е изолиран инцидент


„Станува збор за „изолиран инцидент кој грчката Влада не го одобрува“. Ова го изјави министерот за надворешни работи и вицепремиер Евангелос Венизелос, како одговор до пратеничката на грчката опозициска партија Демократска левица Марија Јанакаки. Таа пред еден месец постави пратеничко прашање до министрите за надворешни работи и за цивилна заштита дали планираат да ги казнат оние кои малтретираат македонски граѓани и ги оштетуваат нивните возила на грчката граница. Јанакаки за ова дискутираше во грчкиот Парламент при што истакна дека членови на неофашистичката партија „Златна зора“ вршат недозволени контроли на возила на границата и дистрибуираат расистички и националистички материјали. Венизелос, меѓу другото изјави дека „македонската Влада и про владините медиуми создаваат националистичка и непријателска клима кон Грција“. Според министерот за цивилна заштита, пак, Никос Дендиас, немало нелегални контроли и предизвикана материјална штета на возилата кои влегуваат од Македонија. Според него, надлежните органи ги презеле сите мерки за да се спрчи секакво прекршување на јавниот ред и мир.
XS
SM
MD
LG