Достапни линкови

Македонија ги замрси односите со сите соседи


Претседателите на земјите од Западен Балкан и францускиот претседател Франсоа Оланд на Самит во Словенија.

Претседателите на земјите од Западен Балкан и францускиот претседател Франсоа Оланд на Самит во Словенија.

Конкретните проблеми кои ги има Македонија со резултат на тоа што македонската надворешна политика сосема го заборави регионот во последните неколку години, велат аналитичарите.

Во изминатиов период речиси да не остана сосед со кого Македонија нема некаков билатерален проблем. Од економските проблеми со Косово и Србија до емотивните идентитетски прашања со Бугарија и Грција. Што се однесува до добрососедските односи, Европската Комисија во последниот извештај предупреди дека треба да се вложат дополнителни напори за подобрување на состојбите.

Универзитетскиот професор Стево Пендаровски вели дека македонската надворешна политика сосема го заборави регионот во последните неколку години и се ориентира на некои далечни региони каде што немаме ниту економски интерес, а уште помалку политички вредности врз чија основа може да соработуваме во различни области. Спорот со Косово покажа дека врз оние таканаречени историските спорови сега се надоврза и економски спор во кој не целосно, но делумно успеавме да придонесеме за затегнување на состојбите што не е европски стандард, објаснува Пендаровски.
Меѓутоа кога се нема слух за комуникација со регионот доаѓате во ситуација во која имате пет соседи, а јас тврдам дека во овој момент македонската политика не може да каже дека со кој било од нив пет имаме одлични комуникации.

„Ако станува збор само за историја, само за емоции, само за таков тип на спорови може да разбереме зашто се расправаме со Грција 20 години или со Бугарија, но овде станува збор за една работа за која едноставно не смееше да се погреши па дури и по цена да се попушти малку затоа што економскиот интерес за нашата држава е очигледен и е диспропорционално на наша страна. Меѓутоа кога се нема слух за комуникација со регионот доаѓате во ситуација во која имате пет соседи, а јас Граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница.

Граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница.

тврдам дека во овој момент македонската политика не може да каже дека со кој било од нив пет имаме одлични комуникации.“

Професор Беким Кадриу вели дека очигледно е дека има одредени проблеми со соседите, а билатералните спорови мора дипломатски да се решаваат затоа што тие влијаат врз сите сфери од животот.
Добрососедските односи се еден од важните услови за почнување на преговорите со ЕУ, меѓутоа тоа што е најзначајно тоа влијае на сите односи на една со друга држава, вклучувајќи ги и односите на граѓаните во засегнатите држави.

„Добрососедските односи се еден од важните услови за почнување на преговорите со ЕУ, меѓутоа тоа што е најзначајно тоа влијае на сите односи на една со друга држава, вклучувајќи ги и односите на граѓаните во засегнатите држави. Влијае многу на слободното движење на граѓаните, на бизнис интересите на нашата држава вклучувајќи ги и бизнис интересите на физички и правни лица кои живеат во Македонија или соседна држава.“
Протести пред заедничката седница во на премиерите на Македонија и Бугарија, Никола Груевски и Пламен Орешарски, Ќустендил, Бугарија.

Протести пред заедничката седница во на премиерите на Македонија и Бугарија, Никола Груевски и Пламен Орешарски, Ќустендил, Бугарија.


Тој додава дека мора да се има пофлексибилен пристап во решавањето на сите дилеми кои се појавуваат со соседите, но треба да се знае дека секој проблем треба посебно да се разгледува затоа што имаат различна природа.

Пендаровски објаснува дека дипломатијата на инаетење и заборавање на регионот доведува до економски последици. На пример во спорот со Косово, Македонија дневно губеше милиони долари, додека пак во однос на другите спорови земјава е замрзната во евроинтегративниот пат со што утре тоа повратно може да влијае и врз имиџот на државата како стабилна бизнис дестинација.


„Значи ние во целина губиме значајни ставки од нашиот потенцијален демократски развој и пред се во економска смисла. Без добро соседство, без добра комуникација со соседите, вие не можете да просперирате не само во демократска смисла и во интегративна, туку пред се во економска смисла. Македонија не може да направи економска задоволителна или брилијантна или не знам каква комуникација со Хонг Конг или Сингапур. “

Кадриу смета дека конкретните проблеми кои ги има Македонија со соседите не се резултат на незрели дипломати.

„Тука е проблемот во тоа што можеби некој не сака да ги решава овие проблеми или пак сака да наметне некои други спорови. Проблемот е во пристапот на централните органи, конкретно на Владата кон одреден спор дали сака да го реши, дали не сака да го реши или сака да го влече. Не мислам дека тука станува збор за зрелоста на нашата дипломатија иако тоа е проблем само по себе што треба да се решава.“

Кога станува збор за изолацијата на државата како можна последица, ако ги прашате во Владата ќе ви речат не сме изолирани, но ние не признаваме дека дел од вината за недобрата соработка со соседите лежи во Скопје и во актуелната политичка структура, вели Пендаровски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG