Достапни линкови

logo-print

Нова книга за хербални лекови од туркменистанскиот претседател


Илустрација: Една од книгите на туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.

Илустрација: Една од книгите на туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.

Нова книга од туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов беше промовирана во Ашкабад. Државните медиуми објавија дека промоцијата на петтиот том од „Хербалните лекови на Туркменистан“ се одржала во Министерството за здравство. Во книгата се наведени 150 лековити билки што растат во Туркменистан, како и објаснување како тие растенија се користат за лекување разни болести. Бердимухамедов, кој е поранешен министер за здравство, е автор на неколку книги за хербални лекови, историјата на туркменистанскиот здравствен систем и за туркменските коњи.
XS
SM
MD
LG