Достапни линкови

Американка преплива од Куба до Флорида без кафез за ајкули


Американската спортистка, 64-годишната Диана Најад.

Американската спортистка, 64-годишната Диана Најад.

Американската спортистка, 64-годишната Диана Најад стана првата личност што преплива од Куба до Флорида без кафез за ајкули. Најад, која тргна од Хавана во саботата, вчера пристигна во Ки Вест, најјужниот дел од американската сојузна држава Флорида. Таа пливаше во специјален костум за заштита од отровните медузи, поради кои беше принудена да го прекине минатогодишниот обид да стигне од Куба до Флорида. Издржливата пливачка три пати неуспешно се обиде да стигне до овој подвиг во изминатите три години, а во 1978 не успеа да ја преплива патеката ниту во кафез за заштита од ајкули. Австралијката Сузи Марони успешно го преплива ова растојание во 1997, но користејќи кафез против ајкули.
XS
SM
MD
LG