Достапни линкови

logo-print

Во Албанија убиени двајца бизнисмени


Во Албанија денеска се убиени двајца бизнисмени, јави МИА од Тирана.
Првото убиство се случило утрово во Драч, кога две маскирани лица на мотор во движење со четири истрели од огнено оружје го усмртиле 40-годишниот сопственик на градежна фирма Плауренд Цани.
Цани бил застрелан во моментот кога пиел кафе со негови вработени во кафуле во близина на објектот што го градела неговата фирма
Второто убиство се случило околу пладне во центарот на рударското градче Булќиза, кога засега неидентификувани лица пукале во 40-годишниот Ќерим Марку, сопственик на фирма за преработка на хром.
Последните убиства се уште едни во серијата напади чија цел се познати бизнисмени. Пред неколку дена во Тирана беше убиен и еден сопственик на казино.
XS
SM
MD
LG