Достапни линкови

logo-print

Ирак - напад на вооружено лице во сунитска џамија


Во напад на вооружено лице во сунитска џамија во Багдад загинале пет лица. Денешниот напад е најнов во бранот насилства меѓу малцинските сунитски муслимани и шиитите во Ирак. Официјални претставници соопштија дека напаѓачот влегол во џамијата за време на утринската молитва и застрелал пет лица. Џамијата се наоѓала во предгради на Багдад населено со шиити. Во нападот се повредени и две други лица. Напаѓачот успеал да побегне. Засега никој не ја презеде одговорноста за убиствата. Во Ирак оваа година во насилства животот го загубија 3,800 луѓе
XS
SM
MD
LG