Достапни линкови

logo-print

Пакистан: Мушараф обвинет за убиството на Буто


Первез Мушараф

Первез Мушараф

Судот во Пакистан денеска и официјално го обвини поранешниот воен владар Первез Мушараф за поврзаност со убиството на поранешната премиерка Беназир Буто. Јавниот обвинител во случајот изјави дека Мушараф ги отфрлил сите точки од обвинението. Новинските агенции јавија дека пред судот во Равалпинди биле распоредени стотици полицајци. Претходното рочиште беше одложено поради оценката дека тоа ќе било опасно за Мушараф. Буто беше убиена во Равалпинди за време на кампањата за парламентарните избори во декември 2007 година.
XS
SM
MD
LG