Достапни линкови

Неделници - Светот ѝ влепи шлаканица на Македонија


Светот му лепи шлаканици, тој дома владе со сила и прави што сака, пишува Глобус, Фокус се занимава со можноста власта да се справи со наводните предавници, Капитал анализира зошто сè помалку премиери и претседатели газат по црвениот тепих во Македонија, а Република го одблежува полнолестството од од оптимизмот на Нимиц.

Во редовната колумна „Таленти“ во најновото издание на Глобус, авторот се осврнува на двете шлаканици кои светот му ги влепи на, како што го нарекува, Најголемиот господар со неспомнувањето на прашањето за името на средбите на грчкиот премиер Самарас, прво со претседателот Обама, а потоа со генсекот на ОН, Бан Ки-мун. Што покажува кои се приоритетите на САД и на светската организација, наспроти контролираните медиуми во Скопје кои подгреваа атмосфера дека Вашингтон ќе влијае Атина да ги смени или омекне ставовите, пишува Глобус.
На оние што го тепаат по светот не може да им врати, но затоа со граѓаните на Македонија владее со сила, прави сè што сака, сè што може, а мисли дека сè му се може...

Глобус - Силата сила раѓа

На оние што го тепаат по светот не може да им врати, но затоа со граѓаните на Македонија владее со сила, прави сè што сака, сè што може, а мисли дека сè му се може... Силата сила раѓа, потсетува авторот на колумната во неделникот и предвидува дека наближува времето кога народот, конечно, ќе види... дека живее во најзаостаната и најсиромашна држава во опкружувањето, дека државата е разградена, а народот поделен... Тогаш, шлаканиците нема да доаѓаат само однадвор, завршува Глобус.

Фокус - Не би изненадиле апсења според турски рецепт
Лично нема да ме изненади доколку есенва биде збогатена со големи апсења, според турскиот рецепт, за обид за државен преврат, можеби и на бивши генерали, опозиционери, новинари и колумнисти!

За „Нештата да станат појасни“ објаснува најновиот Фокус во текстот во кој авторката вели дека „сигурноста со која Велиновска најавува судски процес во блиска иднина ме наведува на помислата дека или има сигурна информација дека УБК и МВР веќе оперираат на теренот со сите алатки или само посакува и навива и Македонија да го добие својот „Ергенекон“ како лек против наводните предавници! Лично нема да ме изненади“, продолжува авторката на колумната во Фокус, „доколку есенва биде збогатена со големи апсења, според турскиот рецепт, за обид за државен преврат, можеби и на бивши генерали, опозиционери, новинари и колумнисти! “
Република - Поминаа 18 години откако Нимиц предвиде раздвижување на преговорите и можност за решение.

Република - Поминаа 18 години откако Нимиц предвиде раздвижување на преговорите и можност за решение.


Капитал - Македонија слепа улица на Балканот за светски политичари?

„Стана ли Македонија слепа улица на Балканот за светски политичари?“, прашува најновиот Капитал. Неделникот го поткрепува прашањето-заклучок со потсетувањето дека сè помалку премиери и претседатели газат по црвениот тепих во Македонија и дека Хилари Клинтон, Путин, Меркел кои го посетија регионот, а ја заобиколија земјава се посвежите „рани“, кои сведочат дека Македонија, иако континентална држава, во одредени случаи добро функционира и како остров, констатира Капитал.

Република - Полнолетство од оптимизмот на Нимиц

„Едниот посредник го закопавме, другиот го остаревме“, пишува Република во текстот во кој мери „Полнолетство од оптимизмот на Нимиц“, односно 18 години од неговата изјава во ОН, како помошник на посредникот Сајрус Венс, кога, со потпишувањето на Времената спогодба, предвиде раздвижување на преговорите и можност за решение. Република ги користи ставовите на професорот по меѓународно право Лазар Лазаров кој смета дека Македонија во 90-тите не ја искористила шансата за решение затоа што со неа раководеле, како што смета, „жолтоклунци“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG