Достапни линкови

Самарас во САД - За името на Македонија, можеби?


Грчкиот премиер Андонис Самарас.
Грчкиот премиер Андонис Самарас.

На средбата помеѓу американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас не може да се очекува брзопотезно рашение на проблемот за името, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

Нереални се очекувањата дека брзопотезно може да се разреши нашиот проблем за името на средба меѓу двајца државници коишто се занимаваат со свои проблеми, вели универзитетскиот професор Денко Малески во пресрет на средбата помеѓу американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас. Сепак не ја исклучува можноста дека кризните проблеми од меѓународната сфера можно е да бидат споменати на крајот од разговорите.
Профилот на Барак Обама е исто така многу интересен и треба да се има предвид дека тоа е претседател кој има кажано дека треба да сфатиме дека ние не живееме во ерата кога Рузвелт, Черчил и Сталин со бурбон и со пура ги решавале светските проблеми, што зборува дека неговиот став е дека Америка може да се појави во улога на поддржувач на решенија, на олеснувач, но дека главните решенија треба да си ги земат на себе суверените држави.
Денко Малески, универзитетски професор.

„Можно е американскиот став да биде искажан на еден крајно внимателен начин, некој мисли дека со оглед на проблемите кои ги има Грција сега е време Америка да ги притисне, но токму заради проблемите Америка може да биде многу внимателна кон Грците во вакви моменти.“

Професорот Арсим Синани пак е убеден дека без конкретна помош од Соединетите Држави, проблемот за името нема да се реши. Дојде време кога тие треба да извршат притисок за да се затвори долгогодишниот спор, вели Синани.
Американскиот претседател Барак Обама.
Американскиот претседател Барак Обама.

„Америка е сериозна држава и има интерес да се занимава со овие прашања. Во моментов Грција има некои свои проблеми, не само економскиот, туку и проблемот со Кипар и мислам дека е моментот да му се најде патот да се затвори ова прашање.“

И покрај пишувањата во грчките и македонските медиуми дека спорот за името ќе биде една од главните теми на Обама и Самарас и дека она што не му успеа на Брисел се очекува да го стори САД, Малески смета дека прашањето за името останува наш проблем и дека никој друг освен нас не може да го затвори. Треба да се има предвид и профилот на политичарите. Самарас, вели
Американците се тие што може да ги седнат на маса двете страни за да се добие едно решение кое се очекува реално од граѓаните.
Арсим Синани, аналитичар.
Малески е познат како иницијатор на големиот националистички бран во Грција против македонската држава.

„Профилот на Барак Обама е исто така многу интересен и треба да се има предвид дека тоа е претседател кој има кажано дека треба да сфатиме дека ние не живееме во ерата кога Рузвелт, Черчил и Сталин со бурбон и со пура ги решавале светските проблеми, што зборува дека неговиот став е дека Америка може да се појави во улога на поддржувач на решенија, на олеснувач, но дека главните решенија треба да си ги земат на себе суверените држави.“

Според Синани пак, македонската јавност треба да биде позаинтересирана за решавање на ова прашање, оти како што вели ниту македонските, а ниту грчките политичари досега не покажале волја за решавање на проблемот.

„Американците се тие што може да ги седнат на маса двете страни за да се добие едно решение кое се очекува реално од граѓаните.“

Пред неколку дена премиерот Никола Груевски побара промена на форматот на разговорите за името и рече дека по примерот на Србија и Косово во тие разговори би учествувале сите директно и интензивно со свои тимови и експерти за да се дојде до некое прифатливо решение за двете страни при што крајниот збор би го имале граѓаните на референдум. Досега беа одбиени сите досегашни покани за средби и интензивирање на разговорите до грчкиот колега Самарас.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG