Достапни линкови

Редовни патувања во Италија на сметка на општина Центар


Од 2008 до 2013 година, општина Центар потрошила милион и пол евра за патувања во Италија, поврзани со проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот Андреј Жерновски изјави дека ако се соберат сите вработени и службеници, излегува дека 57 луѓе биле на товар на општината во Фиренца, но и во други градови. Ревизијата на трошоците од општинската каса покажала дека скулпторката Валентина Стефановска била дури 25 пати во Фиренца, градот во чии леарници беа изработени голем дел од спомениците.
XS
SM
MD
LG