Достапни линкови

Регионален самит во Азербејџан


Лидерите на Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Турција денеска во главниот град на Азарбејџан Баку, ќе одржат состанок за соработка меѓу земјите во кои се говори турскиот јазик. На самитот треба да учествува и Претседателот на Турција Абдула Ѓул. Генералнот секретар на Парламентот во Азербејџан Рамил Хасанов изјави дека на средбата треба да стане збор за формирање слободна економска зона меѓу земјите членки. Групацијата има за цел зачувување на јазикот и културата во туркофонските земји и промоција на политичката, економската и културната соработка.
XS
SM
MD
LG