Достапни линкови

Светските атлетичари и руските анти-геј закони


Претојното светско првенство во атлетика, што започнува во сабота во Москва, е можност за Русија да ги преиспита ставовите во врска со контроверзните анти-геј закони, изјави денеска заменик генералниот секретар на Меѓународната атлетска федерација Ник Дејвис. Руската влада и рускиот народ ќе можат да видат индивидуалци од други земји кои имаат поинаква сексуална ориентација или различен животен стил, па тоа можеби ќе влијае да размислат и за своте ставови, изјави Дејвис. Во Русија е усвоен закон со кој се забранува пропаганда на различна сексуална оријентација, а на овој закон подлежат и странци, кои можат да бидат уапсени и депортирани доколку го прекршат.
XS
SM
MD
LG