Достапни линкови

logo-print

Прослава по повод 1025 години христијанство во Украина


Во Украина овој викенд со низа политички и верски настани се одбележуваат 1025 години од преобратување во христијанство на средновековната словенска држава Киевска Рус од која подоцна настанале модерна Русија, Белорусија и Украина. Рускиот претседател Владимир Путин утринава пристигна во Киев и се очекува да се сретне со неговиот украински колега Виктор Јанукович. На церемониите се очекува да присуствуваат и српскиот претседател Томислав Николиќ и молдавскиот претседател Николае Тимофти. Православни христијански лидери од целиот свет, исто така, ќе се соберат во Киев. Во петокот, судот во Киев забрани собири и протести во украинскиот главен град, а полицијата уапси 10 лица кои планирале протести против прославите.
XS
SM
MD
LG